Кратово повторно ги доживеа своите Златни денови

Од 20 – ти до 22- ри јуни во Општина Кратово по прв пат се одржа манифестацијата,,Златни денови,,. во организација на општина Кратово и под покровителство на ТВ Сител и хотел ,,Кратис,, Оваа манифестација со својата интересна содржина го привлече вниманието на голем број домашни и странски посетители, претставувајќи и своевидна промоција на туристичките потенцијали и културно – историското значење на градот.

Програмата на манифестацијата чиј уметнички директор е Ристо Самарџиев понуди навистина богата содржина за сите музички вкусови. Првата фестивалска вечер ја отворија Коки со Тајфата, по што следуваше фантастичниот настап наЉубојна Brass Fantasy и секако ѕвездите на вечерта учесниците од X – factor кои предизвикаа општо воодушевување кај публиката. Забавата продолжи на Градскиот базен со Dj Bobi, Dj Branchez i Dj Babura до раните утрински часови. Вториот фестивалски ден беше резервиран за настап на локални бендови и уметници од регионот во послободна форма на  платото пред Музеј на град Кратово. Додека во рамките на втората вечер се одржа веќе традиционалниот и реномиран Европски тамбурашки фестивал, по што следуваше по барање на публиката повторно настап на ѕвездите од X – factor. Забавата продолжи на Градскиот базен каде посетителите ги забавуваше Dj Shorty. Последниот фестивалски ден беше посветен на најмалдите,со настапот на Златните славејчиња кои успеаја да соберат огромен број детска публика и да ги  разиграат веселите детски срца. Оваа манифестација која е со тенденција да прерасне во традиционална, навистина повторно ги оживеа ,,златните денови,, кои градот – музеј ги живеел во минатото.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin