Изложба на слики, скулптури, цртежи на Томе Бундевски

Во ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово во петокот во 12 часот на 20.06.2014 год. беше отворена Изложбата на тема: „Човек и простор“, слики масло на платно, склуптури од камен, графички цртежи наликовниот уметник Томе Бундевски.

Овој ликовен уметник веќе третпат изложува во галеријата на Домот на културата, кој кажува дека во галеријата во „Лазар Софијанов“ има извонреден простор за презентација, адекватен за изложување и на скулптури и на слики, на оваа изложба тој ќе се претстави со пет современи скулптури од камен, со десет слики масло на платно и дваесет и пет графички цртежи.

Изложбата во Кратово ќе биде отворена во наредните две недели, секој може да ја посети, влезот е слободен.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin