Прекрасна Прва Златна Вечер во Кратово

Вчера вечер во Кратово, град на кулите и мостовите се одржа Првата Златна Вечер кој град беше мало место да ги собере сите посетители на манифестацијата.

Настапот „Коки и тајфата“, а потоа и на „Љубојна и Брас фантази“ ја кренаа атмосферата во градот, додека пред полноќ кога на сцената се појавија ѕвездите од Х-Фактор и тоа Даниел, Маид, Тамара и „Доктори“ ја вжештија атмосферата.

Многу кренати раце, весели и распејани со насмевки на нивните лица се забавуваат граѓаните на Плоштадот во градот.

По убавата вечер забавата продолжува и денеска. Вториот златен ден започнува во 14 часот пред Платото на Музеј на град Кратово со настап на повеќе локални бендови.

Во 20 и 30 часот започнува централниот настап на Европскиот Фестивал во Тамбура. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во звуците на тамбурашките оркестри од повеќе држави – Словенија, Хрватска, БиХ, Србија и Македонија.

Со завршување на Тамбурашките настапи забавата продолжува и понатаму и тоа со Тамара и „Доктори“ од Х-Фактор и тоа по барање на публиката.

Некаде околу 23 часот настап ќе има српската група „Оџила“, а потоа сите заедно одиме на Градскиот базен на забава со Диџеј Панчо Шорти.

Недела 22 јуни, предвидена е за најмладите со забавни содржини од „Златно славејче“ кои ќе бидат главно наменети за оваа возрасна категорија

facebooktwittergoogle_pluslinkedin