Фантастичен настап на ансамблот „Танец“ во саботата навечер

Фантастичен настап на ансамблот за народни игри и ора „Танец“ во саботата навечер ја крена кратовската публика на нозе. Повеќе од два часа центарот на Кратово пулсираше во ритамот на македонската музика и песна, а за убавото расположение се погрижија членовите на „Танец“ кои годинава одбележаа 65 години од своето постоење.

DSC00896

– Задоволство е на сите членови на „Танец“, секако и на управата на „Танец“ што денес сме во Кратово. Дури ни постарите колеги не се сеќаваат кога „Танец“ воопшто гостувал во Кратово. Ме радува што пред нас настапија нашите помлади колеги од КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово. Убаво е чуството да се настапува пред толку многу публика и се надевам дека ќе имаа убави мигови – истакна Јовица Блажевски, раководител на „Танец“.

Во прекрасниот амбиент пред кратовскиот музеј, лесно можеше да се забележи дека на кратовчани во минатото им недостигале вакви културни склучувања.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin