На ден 10.06.2014 ЈОУДГ ,,Царка Андреевска,, од Кратово ја одбележа традиционалната годишна приредба. Присутните родители и гости, меѓу кои и Градоначалникот на град Кратово кој секогаш ги подржува активностите на најмладите, беа воодушевени од детската радост и непосредност. Овој пат приредбата беше тематска , под мотото ,,млади фолклористи,,со навистина прекрасна кореографија и костимографија за која се погрижија вредните учителки и раководството на Градинката, и секако играта на трудољубивите дечиња кои пленија со својата искреност. Оваа приредба претставува завршна приредба за дечињата од предшколска возраст, кои се здобија со дипломи и најубави желби за понатамошен успех.



