Кратовски златни денови е фестивал кој од 20 – ти до 22 – ри Јуни ќе се одржува на различни локации низ градот.
Првиот фестивалски ден е резервиран за забавни изведувачи, а како главни ѕвезди на вечерта се пејачите од Икс Фактор, „Тајфата“ и „Љубојна“ кои ќе настапат на Плоштадот Маршал Тито, потоа забавата продолжува на отворениот градски базен каде ќе настапат: ДЈ Бабура, ДЈ Боби и ДЈ Бранчез.
Фестифалот на 21 Јуни (сабота) продолжува со Европски Тамбурашки Фестивал, а по него настап ќе има составот„Оџила“ од Србија, вечерта завршува со забава на градскиот базент со настап на ДЈ Шорти.
Последниот ден е предвиден за најмладите, со забавни содржини кои ќе бидат главно наменети за оваа возрасна група.



