Јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратешка оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Североисточниот плански регион

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Р.Македонија бр. 147/08 и 45/11) Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Североисточниот плански регион организира

ЈАВНА РАСПРАВА

по Нацрт Извештајот за стратешка оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Североисточниот плански регион (нацрт)

Се известува засегнатата јавност, особено јавноста од Североисточниот плански регион и општините вклучени во него (Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане) дека во рамките на проектот „Подготовка на Планови за управување со отпад и Стратешка оцена на животната средина за Источниот и Североисточниот регион“(EuropeAid/130400/D/SER/MK), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), подготвен е Нацрт Регионален план за управување со отпадот во Североисточниот плански регион и Извештај за Стратешка оцена на животната средина од спроведување на Планот. Подготвениот Нацрт Извештај за стратешка оцена на животната средина и Резимето од Планот се достапни на веб-страниците на Североисточниот плански регион и општините, кои му припаѓаат, а печатена верзија е достапна во соодветните канцеларии.

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста, Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Североисточниот плански регион организира јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратешка оцена на животната средина во општините Куманово и Кратово, по следниот редослед:

  • За засегнатата јавност од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, јавната расправа ќе се одржи во општина Кумановона ден 16.06.2014 год. во 14 часот во просториите на „Кружна сала на општина Куманово„
  • За засегната јавност од општините Кратово, Крива Паланка и Ранковце јавната расправа ќе се одржи во општина Кратово на ден17.06.2014 год. во 10 часот во просториите на „Сала за состаноци на општина Кратово“.

За секаква дополнителна информација, освен во вашите општини можете да се обратите и во проектната канцеларија на следните телефони:

– Ирена Апостолова 022 773 487, 070 531 363

– Горјан Темелковски 071 340 298

facebooktwittergoogle_pluslinkedin