Златни денови во Кратово

Општина Кратово во периодот од 20-ти до 22-ри јуни ќе биде епицентар на сите културни случувања во земјава. На прес – конференцијата која се одржа во хотел ,,Кратис“ беше најавена новата грандиозна културна манифестација,,Златни денови“ под покровителство на Градоначалникот на општина Кратово, помогната од хотел ,,Кратис“ и ТВ ,,Сител“.

PRESS

Уметничкиот директор на манифестацијата Ристо Самарџиев ја најави богатата програма: концерт на музичките ѕвезди од ,,Икс фактор“,  „Коки и тајфата“, „Љубојна“, белградската група „Оџила“,  Ди – џеј Шорти иевропскиот тамбурашки фестивал.

Кратово како некогашен рударски, трговски и културен центар, познат по рудниците на злато и старите ковачници на златни монети, повторно ќе ги заживее своите ,,златни денови“ во полн сјај.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin