„Лесновските ѕвона“ 2014 Кратово

Во саботата на 07.06.2014 год. Општина Кратово по осми пат беше домаќин на традиционалната поетска манифестација „Лесновските ѕвона“ која се одржува во чест на големиот поет Чедо Јакимовски. Во Кратово се собраа повеќе еминентни имиња на македонската поезија, меѓу кои Братислав Ташковски, Тодор Чаловски, Ристо Јачев, Гордана Михаилова – Бошњаковска, Благој Самоников и многу други. Најпрво беше положено цвеќе на гробот на поетот, а потоа беше одржано поетско читање во Манастирот „Свети Гаврил Лесновски“. Поетското матине го водеше актеротСтрашо Милошевски, започнувајќи со рециталот на славната поема „Лесновски ѕвона“. Музичката придружба на кратовските тамбураши иоперската певица Серафима Фантаузо допринесе за целокупната атмосфера. После поздравното обраќање на претседателот на Советот на „Лесновските ѕвона“ Живко Кондев, следуваше обраќање наГрадоначлникот Мите Андоновски кој со години ја подржува оваа манифестација.

Беседата за Чедо Јакимовски започна со поетското читање, во кои уживаа сите љубители на пишаниот збор. Беше прогласен и победникот на конкурсот за најдобра дебитанстка поетска книга, младиот поет Виктор Јакимовски, кој претставува едно пријатно освежување на македонската поетска сцена.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin