Известување 28.05.2014

Ги известуваме сите заинтересирани жители на Северо – источниот плански регион и општините вклучени во него (Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане) дека во рамките на проектот –„Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина за источниот и северисточниот регион“ (EuropeAid / 130400 / D / SER / MK), финансиран од Европската Унија преку Инструменото за предпристапна помош (ИПА), подготвен е Нацрт егионален План за управување со отпадот. Со оглед на фактот што во согласност со член 65, поглавје Х од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), за плански документ од овој тип задолжително е спроведување на постапка за Стратегиска оцена на животната средина (Одлука од меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад бр. 15 – 4451/2 од 24.04.2014), ги објавуваме следните документи:

  • Кратка верзија од Нацрт-Регионалниот план за управување со отпад за Северо – источен регион, во електронска и печатена верзија на македонски и албански јазик,
  • Нацрт-Извештај за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина од реализација на Регионалниот план за управување со отпад за Северо – источниот плански регион, во електонска и печатена верзија на македонски јазик и
  • Не-техничко резиме на Извештајот за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина од реализација на Регионалниот план за управување со отпад за Северо – источниот плански регион, во електронска и печатена верзија на албански јазик.

При тоа Ве покануваме да ги доставите Вашите сугестии и мислења по објавените документи, во рок од 30 дена, од денот на објавувањето. Мислењата и сугестиите кои ќе бидат аргументирани ќе бидат земени во обзир при подготовка на финалните верзии на наведените документи.

Заинтересираните жители ќе можат да ги разгледаат и печатените верзии од докумнтите во канцеларијата на Регионалниот одбор за управување со отпадот во СИПР (зграда на поранешен комитет) и општинските канцеларии.

Вашите мислења и сугестии доставувајте ги на следната маил адреса: info@northeastregion.gov.mk или по пат на пишана достава до канцеларијата на Регионалниот одбор за управување со отпадот и општинските инспектори/овластени лица за животната средина.

Дополнително ќе биде објавена информавија за местото и часот на одржување јавна расправа за Извештајот за стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина од спроведување на Регионалниот План за управување со отпадот.

Со почит,

Претседател на Регионалниот одбор за управување со отпадот,

Зоран Дамјановски

Извршно резиме на Регионалниот план за управување со отпад

Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина за Северо-источен плански регион

facebooktwittergoogle_pluslinkedin