Општина Кратово зеде учество во глобалната акција за здраво живеење

zh1На 22.05.2014 (четврток) пред Музејот на град Кратово пред многубројната детска публика се одржа настанот ,,Ден на Револуција во исхраната,, како дел одФондацијата за здрава храна на популарниот светски готвач Џејми Оливер.  Беше промовиран здравиот начин на живеење преку едукација и интересни содржини кои им беа понудени на најмалите, од кои најголем интерес предизвикаа Детската претстава и секако подготвувањето на здрави сендвичи од самите деца. Градоначалникот на општина Кратово исто така се обрати со свој говор и со полезни совети за здрава исхрана  до децата.

Прилог фотографии од настанот во Фото – галерија

ZH3

facebooktwittergoogle_pluslinkedin