Кратово дел од караванот – Ден на револуцијата во исхраната

flaer_a5_print-FinalenОпштина Кратово во соработка со Фондацијата за храна на Џејми Оливер Ви ја претставува програмата Револуција во исхраната (Food Revolution). Оваа програма цели кон промена на начинот на кој луѓето се хранат преку едукација на секое дете, воспоставување на здрави навики во исхраната, посебно нa најмладите! Годинава се одржува за прв пат и главна цел низ целиот свет е да се промовираат принципите на здрава исхрана и создавање на навики за здрав живот.

Затоа ве покануваме да бидете учесници на овој настан во Кратово кој ќе се одржи на 22.05.2014 година (четврток) пред платото на Домот на културата „Лазар Софијанов“  и Музејот на град Кратово (доколку се лоши временските услови во Мултимедијалниот центар – Кино сала) од 11.00 часот. Настанот вклучува повеќе интересни содржини, меѓу другото и подготовка на здрава храна од страна на самите деца, театарска претстава и час по самоодбрана.

Бидете и вие дел од глобалната акција за здраво живеење!

facebooktwittergoogle_pluslinkedin