Советници од пратеничката група на СДСМ на Советот на општина Кратово не сакаат да гласаат за прашања од општ интерес за граѓаните на општината.

На четиринаесетата седница на Советот на општина Кратово која се одржа на 30.04.2014 година (среда), покрај останатите точки на дневен ред беше предвидена и ставена на гласање Предлог – Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Кратово, која што програма воедно претставува и законска обврска согласно член 14 од Законот за заштита на населението од заразни болести ( ,,Службен весник на Р.М. бр. 66/2004; 139 / 2008 и 99/2009), за која што исто така постои и Решение од Државен санитарен и здравствен инспектор во кое се наредува Програмата да биде донесена и да се спровеат мерките предвидени во неа меѓу кои и превентивна дезинсекција на населените места и јавните површини на територија на Општина Кратово. (односно мерката – прскање против комарци). Спред тоа за прашање од општ интерес на населението и кое треба да претставува организирана општествена активност со цел спречување и искоренување на ширењето на заразните болести, советниците на СДСМ : Дејан Ампев, Катерина Ковачевска, Влатко Спировски, Боре Анѓеловски и советничката од ВМРО – Народна партија, Марина Иванова, не гласаа односно беа воздржани, без притоа да имаат било какви прашања, приговори и забелешки во однос на оваа Програма која е од посебно значење за здравствената заштита на граѓаните на општина Кратово.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin