На 20 април 2014 г. во храмот на Св. Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско – осоговски г. д-р Јосиф го објави светлото Воскресение Христово и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

