Децата од градинката ,,Царка Андреевска,, му ги честитаа велигденските празници на Градоначалникот на Општина Кратово

Денес, кога се одбележува Големиот Четврток, децата од ЈОУДГ “Царка Андреевска” од Кратово го посетија Градоначалникот подарувајќи му полна кошничка велигденски јајца со најсрдечни велигденски честитки. Децата ги стоплија срцата на сите со својата искреност, со песничките за Велигден и секако со најрадосниот поздрав – Христос Воскресе! Градоначалникот ги прими со голема љубов, непосреден разговор и секако им подари по едно велигденско пакетче на секое дете!

Среќни празници! Христос воскресе!

facebooktwittergoogle_pluslinkedin