Општина Кратово се претстави на Меѓународниот саем за туризам

Општина Кратово беше учесник на меѓународниот саем за туризам ,,,Скопје травел маркет 2014,, кој се одржа  на 10, 11 и 12 април на Скопски саем. Кратово го промовираше своето богато културно – историско наследство и се претстави во најдобро светло, нудејќи богат промотивен материјал и запознавање со историјата, културата и традицијата на древното Кратово.Оваа понуда беше збогатена и со звуците на кратовските тамбураши и секако дегустацијата на кратовските кулинарски специјалитети. Интересот за Кратово како туристичка дестинација која нуди можност за повеќе видови на туризам се повеќе расте, доказ е и тоа што штандот на општина Кратово беше еден од најпосетените.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin