ДЕНОТ НА ШЕГАТА БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАН ВО ОПШТИНА КРАТОВО

Денес, плоштадот на општина Кратово беше посебно убав, шарен и разигран.Причина за тоа беше Маскенбалот кој го приредија децата од  детската градинка ,,Царка Андреевска,,  децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби и учениците од ООУ ,,Кочо Рацин,, од Кратово, по повод Први април – денот на шегата. Децата беа посебно креативни во своите маски а исто така ги развеселија многубројните присутни со своите шеги и песни.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin