Градоначалникот се сретна со учениците од ООУ,,Кочо Рацин,,

Учениците од IV одделение при ООУ,,Кочо Рацин,, Кратово на ден 26.03.2014 год.(среда) остварија средба со Градоначалникот. Средбата се оствари во салата за состаноци при Општина Кратово каде што Градоначалникот Мите Андоновски и Претседателот на Советот на Општина Кратово Саше Георгиевски оддговараа на прашањата поставени од нив. Со насмевки на лицата и задоволни од одговорите , заминаа од салата со надеж дека повторно ќе остварат средба со Градоначалникот.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin