Општина Кратово беше дел од кампањата-Македонија земја на цвеќето-земја на розата

На ден 21.03.2014 година (петок) кога се одбележува Денот на пролетта,Општина Кратово во соработка со ООУ,,Кочо Рацин,, од Кратово активно ја поддржаа националната еколошка кампања,,Македонија земја на цвеќето-земја на розата,,.

Пред платото на Домот на култура од Кратово беше организирана продажбена изложба на премети-креативни идеи на оваа тема изработени од учениците на ООУ,,Кочо Рацин,, од Кратово.Со собраните средства од изложбата ќе се обезбедат садници на рози кои ќе бидат засадени во училишниот двор.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin