Еколошка кампања ,,Македонија земја на цвеќето-земја на розата,,

rosesВо рамките на националната еколошка кампања ,,Македонија земја на цвеќето-земја на розата,, ООУ,,Кочо Рацин,, од Кратово во соработка со Општина Кратово организира изложбена продажба на предмети-креативни идеи на учениците изработени на оваа тема.Ве покануваме да ја посетите оваа изложба која ќе се реализира на денот на пролетта на 21 март 2014 од12.00 часот на платото пред Дом на култура,,Лазар Софијанов,, Кратово.

Собраните средства од продажба на изложените предмети ќе послужат да се набават садници и рози и истите да се засадат во училишниот двор.

Уживајте во изложбата, купете некој од изработените предмети и вклучете се во акцијата – Да ја направиме заедно нашата земја почисто и поубаво место за живеење!

facebooktwittergoogle_pluslinkedin