Отпочна реконструкција на подрачното училиште при ООУ,,Кочо Рацин,, во с.Туралево

Со средства од околу 5 милиони денари кои што беа одобрени од страна на Министерството за образование и наука се изврши промена на кровот на ООУ ,,Кочо Рацин,, во Кратово со што се заменија старите азбестни табли со нов покрив.Активностите не застанаа тука туку се продолжи и со реконструкција на прозорците, вратите и подот, се со цел овозможување и подобрување на условите за одвивање на квалитетна настава во основното училиште.

Паралелно на ова, отпочна и реконструкција на подрачното училиште при ООУ,,Кочо Рацин,, во с.Туралево , кои што активности ќе завршат до месец мај оваа година.

Исто така, заради поттикнување на правилниот психофизички развој и поттикнување на спортскиот и на натпреварувачкиот дух кај младите и кај возрасните ќе се изгради спортска сала во ООУ,,Кочо Рацин,, која што е влезена во програмата за спорт и изградба на училишни сали.

Подрачно училиште при ООУ,,Кочо Рацин,, во с.Туралево

facebooktwittergoogle_pluslinkedin