Кратово го одбележа својот патронен празник посветен на новомаченикот Св.Ѓорги Кратовски

,,Градот Кратово е неизмерно благодарен на Бога што ја има таа чест, за свој патрон и заштитник да го има Светиот новомаченик Ѓорги Кратовски.Градот Кратово е еден од ретките градови кој ја имаат таа привилегија да има за свој патрон светител кој потекнува токму од овој град. Да се радуваме што сме удостоени овој храбар војник Христов да биде роден, одгледан и воспитан во градот Кратово, и засекогаш да стане негов заштитник и молитвеник пред Бога.Таа чест е голема но и нашиот долг кон светителот исто така е голем,, – истакна во својот говор Градоначалникот на Општина Кратово г-дин Мите Андоновски.Тој исто така нагласи дека ,,високите морални вредности кои ни ги покажа ова свето момче треба да ни бидат патоказ како да живееме, зашто духовниот напредок на сите нас поединечно, води кон колективен напредок на целиот град, а воедно и кон подобро општество.,,

Чествувањето на светителот најпрво започна со света Архиерејска литургија во храмот посветен на Св.Ѓорги Кратовски на која чиноначалствуваше Митрополитот Куманово-осоговски г.д-р Јосиф.Подоцна на градскиот плоштад се одржа водосвет со осветување и прекршување на патронскиот колач, по што продолжи културно-уметничка програма придружена со сенародна веселба.

Во чест на овој празник исто така се одржа крводарителска акција, турнир во мал фудбал, шах и пинг-понг.

Наредната 2015 година бележиме голем јубилеј односно 500 години од славната маченичка смрт на св.Ѓорги Кратовски, така што Општина Кратово во соработка со Македонската православна црква ќе се потруди што подостојно да го одбележи овој голем настан.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin