Единаесетта седница на Совет на Општина Кратово

На ден 28.02.2014 година (петок) со почеток во 14.00 часот , во салата за седници на Советот на општина Кратово ќе се одржи единаесеттата седница.Дневен ред на седницата е следниот , и тоа:

-Предлог-Записник од деветтата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 25.12.2013 година;

-Предлог-Записник од десеттата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 31.01.2014 година;

1.Квартален извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на општина Кратово за четвртиот квартал од 2013 година;

2.Годишна(Завршна) сметка и Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна(Завршна) сметка на буџетот и Годишен извештај на Единицата на локалната самоуправа Кратово за 2013 година;

3.Годишна сметка со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна сметка на ЈП,,Кратово,, за 2013 година;

4.Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализираните активности предвидени со програмата за уредување на градежно земјиште,изградба и одржување на комунална инфраструктура во општина Кратово за 2013 година;

5.Извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за одржување на градските гробишта во Кратово за 2013 година на ЈП,,Кратово,,-Кратово;

6.Предлог-Одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на општина Кратово;

7.Предлог-Одлука за јавна чистота во град Кратово;

8.Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на Полициска станица од општа надлежност Кратово во текот на 2013 година , и

9.Годишен извештај за постапување по барање за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за 2013 година.

10.Прашања и предлози.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin