На ден 29.01.2014 година (среда) во официјална посета на Кратово беше Амбасадорот на Народна Република Кина г.Цуи Џивеи, придружуван од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.Тие остварија средба со Градоначалникот на Општина Кратово Мите Андоновски , по која што имаа кратка прошетка и разглед на културно-историските споменици.Амбасадорот воодушене од богатото културно наследство на Кратово, изјави желба да помогне во неговата заштита и реконструкција на многувековните градби.Исто така, најави понатамошна соработка со нашата општина со посебен интерес за инвестиции во земјоделството.



