Кратовчани му оддадоа достојна почит на ликот и делото на Павел Шатев

Денес , 29.01.2014 година (среда) по повод 63 години од смртта на македонскиот револуционер, национален деец и државник, Павел Шатев, во неговиот роден град достојно се одбележа неговиот спомен.Во 12.00 часот пред Основниот суд во Кратово , беше отслужена панихида, по што беше положено свежо цвеќе пред неговата биста и прочитан краток реферат за неговиот живот и дело.

Додека од 12.30 часот во просториите на Музејот на град Кратово пред многубројните посетители се одржа промоција на капиталнотот дело- ,,Девет тома од пишаната оставнина на Павел Шатев,, чии промотори беа проф. д-р Зоран Тодоровски, Предраг Димитровски и Нове Цветаноски.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin