Десеттата седница на Советот на општина Кратово е закажана за ден 31.01.2014 година(петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 15.00 часот. Дневен ред е следниот , и тоа: -Предлог-Записник од деветтата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 25.12.2013 година; 1.Предлог-Програма со Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа на Советот на општина Кратово во 2014 година; 2.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на општина Кратово за 2014; 3.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на општина Кратово за 2014 година; 4.Предлог-Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на плански опфат и вклопување, на објектите на к.п.1091/1 КО Филиповци, к.п.879 КО Коњух, к.п.1849 и к.п.1850 КО Железница; 5.Предлог-Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п.511 и к.п.503/1 КО Кратово; 6.Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на комуналната инспекција во општина Кратово за 2013; 7.Програма со Предлог-Решение за усвојување на Програма за работа на комуналната инспекција во општина Кратово за 2014 година; 8.Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на ОУ,,Музеј на град Кратово,,-Кратово за 2013 година; 9.Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за работа на ОУ,,Музеј на град Кратово,,-Кратово за 2014 година; 10.Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУ Дом на културата,,Лазар Софијанов,,-Кратово за 2013 година; 11.Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за работа и развој на ЈОУ Дом на културата,,Лазар Софијанов,,-Кратово за 2014 година; 12.Статут со Предлог-Решение за давање согласност на статутот на ЈОУДГ,,Царка Андреевска,,-Кратово; 13.Правилник со Предлог-Решение за давање согласност на правилникот за организација и систематизација на работните места на јавните службеници во ЈОУДГ,,Царка Андреевска,,-Кратово; 14.Прашања и предлози На седницата е поканет Градоначалникот на општина Кратово и Раководители на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на општина Кратово. |



