Отпочнување на изградба на постоечкиот земјен пат во с.Трновац

На ден 25.01.2014 година (сабота) во 13.00 часот во присуство на Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски , Градоначалникот на општина Кратово г-дин Мите Андоновски и други присутни ќе отпочнат активностите околу изградбата на посточкиот земјен пат кој ќе го поврзи с.Трновац со регионалниот пат Р 1205 , како и со општина Кратово, во должина од 4,3 км.

Средствата во износ од 19.680.499,00 ден се одобрени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој- АФПЗРР , Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година , поточно мерка 321-Подобрување на квалитетот на животот во рурални средини.

Активностите околу изградба на патот треба да завршат до крајот на месец јуни 2014 година.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin