Изложба ,,Кумановски графичари 2013,,

Pokana_za_izlozba_1

Општинската установа ,,Музејот на град Кратово,, во соработка со Н.У. Центар за култура ,,Трајко Прокопиев,, од Куманово Ве покануваат на изложбата насловена како Кумановски графичари 2013. Изложбата ќе биде на ден 28.01.2014 година (вторник) во 12.30 часот во изложбената галерија при Музеј на град Кратово. Проектот ,,Кумановски графичари,, кој е поддржан од Министерство за култура, а во организација на Н.У. Центар за култура ,,Трајко Прокопиев,,- Куманово, веќе шести пат биенално е претставуван пред македонската ликовна публика презентирајќи ги најновите графички реализации на седум академски графичари од Куманово.

Во каталогот за оваа изложба од историчарот на уметност Роберт Цветковски нагласено е:

,,Во програмата која ќе биде претставена доминира полихромната графика со акценти специфични за секој автор поединечно мноштво на сензибилитети и естетики раскажани со поедноставениот графички јазик којшто, пак делува силно и впечатливо во најстојувањата да ја достигне висината на универзалното разбирање и комуникација.Една од целите на оваа изложба е кај помладите да предизвика интерес и желба за проучување на овој значаен сегмент од ликовната уметност, пред се, како област на која се темели денешната визуелна култура,,.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin