Голем Богојавленски водосвет на Градскиот базен во Кратово

На ден 19.01.2014 година(недела)  во 11.00 часот на Градскиот базен во Кратово, се изврши голем Богојавленски водосвет.Пред големиот број присутни граѓани, околу 30 млади момчиња скокнаа во осветените води на базенот, со цел да го фатат крстот и да добијат благослов.Најсреќниот меѓу нив, 22 годишниот Мартин Димитров од Кратово, како награда од Градоначалникот доби ,,плазма телевизор,,.Митрополитот Кумановско-Осоговски Јосиф за сите учесници подари осветени крстиња.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin