Јавна покана

Врз основа на член 29 став 1 од Законот за даноци на имот (Службен весник на РМ,, бр.61/04), Локалната самоуправа на општина Кратово-Одделение за даноци, истакнува

ЈАВНА ПОКАНА

за поднесување даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2014 година

ДАНОЧНА ПРИЈАВА

Даночна пријава(ДИ)

Даночна пријава за утврдување на данок на имот се поднесува до 31-јануари 2014 година за која се врши утврдување на данок на имот:

а)Пријава поднесуваат граѓаните даночни обврзници-сопственици,корисници или плодоуживатели на недвижен имот за кој имот до сега немаат поднесено пријава.

б)Даночна пријава се поднесува за имотот за кој обврзникот нема поднесено пријава за стекнување со нов недвижен имот по основ на купопродажба,наследување,користење,новоизградени објекти.

Се покануваат граѓаните на општина Кратово и населените места во општината,кои воопшто не ги имаат пријавено своите станови,куќи,административни згради,деловни простории,згради и станови за одмор и рекреација да се јават во Локалната самоуправа на општина Кратово , Одделение за финансиски прашања-Даноци и такси и да поднесат пријава во утврдениот рок.

Даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во роковите определени со оваа јавна покана ќе бидат казнети согласно прекршочните одредби од Законот за даноци на имот.

Одделение за финансиски
прашања-Даноци и такси
при Општина Кратово

facebooktwittergoogle_pluslinkedin