Општина Кратово ја посети Полковник г-дин Јозеф Холцл

news_img_01

На 28.05.2008 година Општина Кратово ја посети Полковник г-дин Јозеф Холцл, австриски аташе, при што оствари работна средба со Градоначалникот г-дин Мите Андоновски. На средбата беше дискутирано за спроведувањето на процесот на децентрализација, улогата на општината во втората фаза од овој процес, како и проблемите со кои се сретнуваме при имплементацијата. Г-динот Јозеф Холцл изрази големо задоволство и честитки до Градоначалникот за успехот што го постигна општина Кратово со влезот во втората фаза на децентрализацијата на високото трето место.

Исто така беше разговарано за моменталната политичка состојба во земјата, предвремените парламентарни избори, како и пристапувањето на нашата земја кон НАТО и ЕУ.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin