Известување за Ден на дрвото

Известување

Владата на Република Македонија на донесе одлука во среда (2-ри декември) да се одржи традиционална акција “Ден на дрвото”.

Три милиони садници на површина поголема од илјада хектари ќе бидат засадени во рамките на 16 -тиот по ред Ден на дрвото.

Ве известуваме сите ние граѓаните на 02.12.2015 год. (среда) да бидеме учесници на акцијата “Ден на дрвото -засади ја својата иднина“ и со своите сопствени раце да засадиме што повеќе садници кои ќе придонесат кон унапредување на животната средина.

За таа цел е организиран бесплатен превоз на граѓаните од општина Кратово од Автобуската станица во 9.00 часот до локацијата каде ќе се пошумувам.в.Манковица во с.Кетеново, Кратово.

Годинешното мото „Засади успех“ се однесува на сите досега реализирани акции, во кои процентот на зафатеност на засадените дрва изнесува 60 отсто, што според организаторите е импресивна бројка и за европски рамки.
Истиот ден ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија, а дополнително ќе биде утврден денот кога ќе се одработува овој ден.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin