Промовирана Монографијата „КРАТОВСКАТА ОБЛАСТ“

DSC03727Денеска во просториите на Музеј на град Кратово беше промовирана новата географско-историска монографска публикација со наслов „Кратовска област“ од авторот Стојан Насевски – Шлеговски.

Авторот изјави дека за овој публицистички труд вложил огромна енергија, за да прибере релевантни податоци, литература и други изворни документи и сите тие да ги смести на едно место, со единствена цел да ја информира пошироката јавност.

Голема благодарност упати за помошта и поддршката до Градоначалникот на општина Кратово, до Претседателот на Сојузот на здруженија на РМ Драги Аргировски, до Здружението на пензионерите на Кратово, до рецензентите – проф. д-р Љубиша Монев и м-р Драган Ѓеоргиевски.

Оваа монографија ќе им помогне и послужи на сегашните и на идните генерации и ќе им овозможи поблиску да се запознаат со историјата на Кратовската област.

 

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin