МАЛ БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ ,,ХИМНИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО“

МАЛ БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ
,,ХИМНИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО“
05.01.2016 година 13.00часот
Мултимедијален центар (Кино сала) – Кратово
Влезот е слободен

Веќе четврта година по ред, во организација на општина Кратово и Музејот на град Кратово,
традиционално се одржува Мал Божиќен
Концерт ,,Химни на Рождество Христово,,.
И оваа година овој духовно – културен настан ќе понуди богата програма составена од песнопенија
посветени на големиот православен христијански празник во изведба на црковниот хор ,,Свети Ѓорѓи Кратовски,,.
На концертот исто така учество ќе земат и децата од Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост.

Дојдете заедно да ја споделиме предпразничната
радост на Христовото Рождество!
pokana
facebooktwittergoogle_pluslinkedin