БАДНИКОВО ГРАНЧЕ – 5-ти Јануари (вторник) 2016 год.

На 5-ти Јануари (вторник) 2016 год, по повод Христовото Раѓање „Божиќ“, општина Кратово ја организира манифестацијата „Бадниково гранче“ или „Берење на бадниково гранче“.

На местото викано Жгури во 11:00 часот заедно со општина Пробиштип пред огромен број граѓани ќе се берат бадниковите гранчиња, ќе се осветуваат и гранчињата и погачата со паричка.

По тој повод организиран е бесплатен автобус за граѓаните кои сакаат да бидат дел од манифестација кој тргнува во 10 и 15 часот од автобуската станица Кратово.

Манифестацијата е пропратена со богата посна трпеза, греана ракија, чај и црвено вино.

Целиот настан е проследен со музика и општо народна веселба.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin