Богојавление – Водици

Ве известуваме по повод големиот христијански празник Богојавление“ – Водици, на ден 19.01.2016 година (вторник), во 11 часот на градскиот базен во Кратово ќе се изврши голем Богојавленски водосвет – фрлање на православниот крст под покровителство на Градоначалникот на општина Кратово.

За најсреќниот граѓанин кој ќе го фати крстот следува награда телевизор.

Општина Кратово Ве поканува да бидете дел од овој традиционален верски настан и заеднички да го прославиме овој убав ден со топол чај и ракија.

За многу години!

facebooktwittergoogle_pluslinkedin