Православните верници вчера го прославија празникот Богојавление – Водици. Традиционално, празнувањето се одржа со фрлање на крстот во градскиот базен каде средношколецот Давид Велковски успеја најбрзо од сите да дојде до богојавленскиот крст во Кратово.
Крстот беше фрлен во осветените води на градскиот базен, пред околу илјада верници. И покрај студеното време, годинава по крстот скокнаа петнаесет момчиња.
Градоначалникот на општината, Мите Андоновски, му подари телевизор, а свештениците на сите скокачи им подарија осветено крвче.



