Триесет и втора седница на Советот на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на триесет и втората седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам триесет и втората седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 29.01.2016 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 15 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од дваесет и деветтата седница на Советот на Општина Кратово одржана на ден 30.10.2015 година;

– Предлог – Записник од триесеттата седница на Советот на Општина Кратово одржана на ден 12.11.2015 година;

–  Предлог – Записник од триесет и првата седница на Советот на Општина Кратово одржана на 23.12.2015 година;

  1. Предлог – Програма со Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на Советот на Општина Кратово за 2016 година;
  2. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кратово за 2016 година;
  3. Годишен план со Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на административни службеници во Општина Кратово за 2016 година;
  4. Општ годишен извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Општ годишен извештај за реализираната програма за културни активности и прослави на Општина Кратово за 2015 година;
  5. Општ годишен извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Општ годишен извештај за реализираната програма за спортски  активности на Општина Кратово за 2015 година;
  6. Општ годишен извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Општ годишен извештај за реализираната програма за активности од областа на социјалната заштита на Општина Кратово за 2015 година;
  7. Правилник со Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово;
  8. Правилник со Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за систематизациј на работните места во СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово;
  9. Правилник со Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на ОУ Музеј на град Кратово – Кратово;
  10. Правилник со Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за систематизациј на работните места во ОУ Музеј на град Кратово – Кратово;
  11. Правилник со Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ – Кратово;
  12. Правилник со Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за систематизациј на работните места во ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ – Кратово;
  13. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор во ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово;
  14. Годишен извештај со Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2015 година;
  15. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin

facebooktwittergoogle_pluslinkedin