Општина Кратово на 30.01.2016 година (сабота) ќе ја одбележи 65 – годишнината од смртта на големиот револуционер и национален деец – Павел Шатев. По тој повод во 10.00 часот ќе се отслужи Панихида пред неговата спомен биста во Кратово (Основен суд – Кратово).
Павел Шатев со својата долгогодишна револуционарна активност, политичкиот ангажман и публицистичките трудови остави неизбришливи траги во македонската историја и остана заблежан како еден од најмаркантините личности во неа.