1/8 финалето на Купот на Македoнија во футсал

Вчера во Кратово, дербито на футсал-купот меѓу КМФ Кратово и шампионот Железарец донесе вистинско уживање за околу 300 гледачи во преполната сала во Кратово. Како што се и очекуваше, кратовци скапо ја продадоа кожата, но сепак беа елиминирани со резултат 8-3.
Натпреварот во Кратово почна со гол за домаќините и водство од 1:0 во 6-та минута преку Јовановски, но во 13-та минута капитенот Левески го израмни резултатот на 1:1. Во последната минута од првото полувреме со голот на Агуши, Железарец дојде до предност од 2:1, а на самиот старт на вториот дел во 22-та минута два гола на Ранготов за водство од 4:1 и практично тогаш веќе работите си дојдоа на очекуваниот тек.

Во продолжение на натпреварот само беше прашање со кој резултат ќе се заврши триумфот на Железарец. Домакините намалија на 2:4 во 27-та минута преку Арсовски, но во истата минута Даниел постигна гол за 2:5. Во 31-та минута Даниел постигна уште еден гол за водство од 2:6, за да  Исмаили зголеми на 2:7 во 35-та минута. Следуваше уште еден гол за домашниот тим во 37-та минута кога Филипов намали на 3:7, за Даниел во истата минута постигне гол за конечни 3:8.

Вечерва се играа и останатите средби од 1/8 финалето на Купот на Македoнија: Хедис – Рудник Саса 5:3,Скопје – Форца 3:1, Илирет – СЕЕ Униврсити, Велес – Овче Поле 5:1, Јувентус – Мал Ајакс.
Вчера: Шкупи – Цико 5:5 (2:3). Биџо – Црна Река 4:5

facebooktwittergoogle_pluslinkedin