Почитувани сопственици и менаџери на компании од Североисточниот регион,
Ве известувам дека имате можност за учество во проектот на УСАИД за поддршка на микро и малите претпријатија од Североисточниот регион, имплементиран од ЦЕЕД Македонија и поддржан од Швајцарската влада. Оваа информација ви ја пренесувам како резултат од соработката со Центарот за развој на Североисточниот плански регион.
Сите заинтересирани можат да го регистрираат своето учество со испраќање на апликацијата во прилог најдоцна до 2 март 2016. Учеството во проектот е 12 месеци во рамки на кои ќе можете да добиете поддршка во:
– Промоција на бизнис портал и социјални мрежи на интернет
– Менаџерски обуки
– Знаење и размена на искуства со успешни бизнисмени од Македонија
– Ширење на мрежи на контакти, нетворкинг
– Настап на странски пазари
– Презентации пред 200-300 компании од сите региони од Република Македонија
– Членство во Микро Клуб на менаџери
– Финансиска поддршка за подобрување на процесите во компанијата (ISO, HASSP, бизнис планови, настап на странски пазари, софтвер итн.)
– Финансиска поддршка од Клуб на Бизнис ангели
– Финансиска поддршка од Инвестициски фонд од 50.000 до 100.000 усд
– Дијагностика на компанија
– Советување со професионалци
– Техничка поддршка
Во овој циклус, сопствениците и претприемачите имаат можноста за учество во 4 програми за поддршка кои ги вклучуваат горенаведените активности:
- Основна програма за претприемачи
- Програма за Финансии за претприемачи
- Ефективна и повторлива продажба и извоз
- Програма за Ефективен маркетинг пристап
Подолу ви праќам основни информации за Претприемачката програма на проектот, а во прилог ги имате подеталните информации. Компоненета I – ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧИ РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА И НАЈДОБРИ ПРАКСИ
- Тим билдинг и претприемничко лидерство
- Бизнис планирање и буџетирање
- Финансии за претприемачи
- Финансирање на развојот на Вашата компанија
- Ефективна и повторлива продажба и извоз
- Ефективен маркетинг пристап
NETWORKING И НАСТАНИ ЗА УЧЕЊЕ
- Заеднички нетворкинг настан со учесниците од сите региони – презентации пред компании
- Тематски нетворкинг настани
- Свечена Церемонија
СОВЕТУВАЊЕ СО БИЗНИС ПРОФЕСИОНАЛЕЦ
- Можност за средба со бизнис професионалец.
ЧЛЕНСТВО ВО ЦЕЕД ГЛОБАЛЕН БИЗНИС И ЕДУКАТИВЕН КЛУБ – МИКРО КЛУБ НА ПРЕТПРИЕМАЧИ И МЕНАЏЕРИ
Пристап во мрежа над 200 успешни претприемачи и менаџери од Македонија
- Локални тематски нетворкинг настани со членовите на ЦЕЕД Клубот
- Регионални нетворкинг настани вклучително и присуство на регионална конференција на ЦЕЕД
- Можност за Клупски попусти за присуство на локални бизнис конференции
- Настани организирани во соработка со Амбасадата на САД и AmCham
- Можност за медиумска промоција на бизнис порталот на ЦЕЕД www.bi.mk
Concept paper_Entrepreneurs Class 2016
Concept paper_Entrepreneurs Finance Class 2016
Concept paper_Entrepreneurs Marketing Class 2016
Concept paper_Programa za Prodazba i Izvoz 2016



