(Makedonski) Проект на УСАИД за поддршка на микро и малите претпријатија од Североисточниот регион, имплементиран од ЦЕЕД Македонија и поддржан од Швајцарската влада

Почитувани сопственици и менаџери на компании од Североисточниот регион,

Ве известувам дека имате можност за учество во проектот на УСАИД за поддршка на микро и малите претпријатија од Североисточниот регион, имплементиран од ЦЕЕД Македонија и поддржан од Швајцарската влада.

Оваа информација ви ја пренесувам како резултат од соработката со Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

Сите заинтересирани можат да го регистрираат своето учество со испраќање на апликацијата во прилог најдоцна до 2 март 2016.

Учеството во проектот е 12 месеци во рамки на кои ќе можете да добиете поддршка во:
– Промоција на бизнис портал и социјални мрежи на интернет
– Менаџерски обуки
– Знаење и размена на искуства со успешни бизнисмени од Македонија
– Ширење на мрежи на контакти, нетворкинг
– Настап на странски пазари
– Презентации пред 200-300 компании од сите региони од Република Македонија
– Членство во Микро Клуб на менаџери
– Финансиска поддршка за подобрување на процесите во компанијата (ISO, HASSP, бизнис планови, настап на странски пазари, софтвер итн.)
– Финансиска поддршка од Клуб на Бизнис ангели
– Финансиска поддршка од Инвестициски фонд од 50.000 до 100.000 усд
– Дијагностика на компанија
– Советување со професионалци
– Техничка поддршка

Во овој циклус, сопствениците и претприемачите имаат можноста за учество во 4 програми за поддршка кои ги вклучуваат горенаведените активности:

v Основна програма за претприемачи
v Програма за Финансии за претприемачи
v Ефективна и повторлива продажба и извоз
v Програма за Ефективен маркетинг пристап

Подолу ви праќам основни информации за Претприемачката програма на проектот, а во прилог ги имате подеталните информации.

Компоненета I – ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМАЧИ
РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА И НАЈДОБРИ ПРАКСИ
v Тим билдинг и претприемничко лидерство
v Бизнис планирање и буџетирање
v Финансии за претприемачи
v Финансирање на развојот на Вашата компанија
v Ефективна и повторлива продажба и извоз
v Ефективен маркетинг пристап

NETWORKING И НАСТАНИ ЗА УЧЕЊЕ
v Заеднички нетворкинг настан со учесниците од сите региони – презентации пред компании
v Тематски нетворкинг настани
v Свечена Церемонија

СОВЕТУВАЊЕ СО БИЗНИС ПРОФЕСИОНАЛЕЦ
v Можност за средба со бизнис професионалец.

ЧЛЕНСТВО ВО ЦЕЕД ГЛОБАЛЕН БИЗНИС И ЕДУКАТИВЕН КЛУБ – МИКРО КЛУБ НА ПРЕТПРИЕМАЧИ И МЕНАЏЕРИ
Пристап во мрежа над 200 успешни претприемачи и менаџери од Македонија
v Локални тематски нетворкинг настани со членовите на ЦЕЕД Клубот
v Регионални нетворкинг настани вклучително и присуство на регионална конференција на ЦЕЕД
v Можност за Клупски попусти за присуство на локални бизнис конференции
v Настани организирани во соработка со Амбасадата на САД и AmCham
v Можност за медиумска промоција на бизнис порталот на ЦЕЕД www.bi.mk

Компонента II – УСЛУГИ ЗА БИЗНИС ПОДДРШКА
Дијагностички алатки
v Анализа на потребите за подобрување на процесите во компанијата компанијата
v Анализа на економското здравје на вашата компанија и нејзината подготвеност да се прилагоди на конкурентниот пазар

Пристап до нови пазари
v Поддршка за пристап до пазарите во Косово, Албанија и Србија – Проширување на регионални и странски пазари (учеството во вкупната цена на компаниите е 50%)

Интервенции во самата компанија/Техничка помош
v Финансиска и пазарна експертиза (учеството во вкупната цена на компаниите е 50% )
v Техничка помош од индустриски-специјализирани консултанти (локални или меѓународни експерти и консултанти) (учеството во вкупната цена на компаниите е 50%)

Бизнис ангели Ко-инвестициски фонд
v Можност за добивање ко-инвестиција за нови бизниси и нови бизнис идеи

Поддршка за учество на локални бизнис конференции
v Можност за покривање на дел од трошоците за учество на локални конференции на теми поврзани со претприемништвото и раст и развој на бизнисите

Co-working простор

Компонента III –КАПИТАЛ, КВАЗИ КАПИТАЛ И БИЗНИС АНГЕЛИ
Обезбедување на потребниот капитал за раст на микро и малите претпријатија
v Фондот ќе инвестира 50.000 УСД до 100.000 УСД во согласност со одредени принципи за инвестирање.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin