Триесет и трета седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на триесет и третата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам триесет и третата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 26.02.2016 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

– Предлог – Записник од триесет и првата седница на Советот на Општина Кратово одржана на ден 23.12.2015 година;

–  Предлог – Записник од триесет и втората седница на Советот на Општина Кратово одржана на 29.01.2016 година;

  1. Квартален извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буцетот на Општина Кратово за четвртиот квартал од 2015;
  2. Годишна (завршна) сметка и Годишен извештај со Предлог-Одлука за усвојување на Годишна (завршна) сметка на Буџетот и Годишен извештај на Единицата на локалната самоуправа Кратово за 2015 година;
  3. Предлог – Одлука за висината на благајничкиот максимум за 2016 година;
  4. Предлог – Одлука за истакнување на изборни плакати без надоместок;
  5. Годишен извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализираните активности предвидени со програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура во Општина Кратово за 2015 година;
  6. Извештај со Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за одржување на Градските гробишта во Општина Кратово за 2015 година на ЈП „Кратово“ – Кратово;
  7. Годишна сметка со Предлог – Одлука за усвојување на Годишната сметка на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура ЈП „Кратово„ – Кратово за 2015 година;
  8. Барање за давање согласност за потпишување на Договор за пристап и користење на гробиштата и инфратсруктурата од страна на операторот на погребални услуги доставено до Советот на ЈП „Кратово“ – Кратово;
  9. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 1758 за КО Кратово, Општина Кратово;
  10. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 535 за КО Трновац, Општина Кратово;
  11. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистички-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 984 за КО Тополовиќ, Општина Кратово;
  12. Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на Полициска станица-Кратово во текот на 2015 година;
  13. Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на комуналната инспекција во Општина Кратово за 2015 година;
  14. Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за работа на општинскиот комунален инспектор во 2016;
  15. Годишен извештај со Предлог-Решение за усвојување на Годишен извештај за работа на градежната инспекција во Општина Кратово за 2015 година;
  16. Годишна програма со Предлог-Решение за усвојување на Годишна програма за работа на овластениот грдаежен инспектор во 2016 година и
  17. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin