Триесет и четврта седница на Совет на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на триесет и четвртата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам триесет и четвртата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 18.03.2016 година (петок) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 13 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог – Одлука за давање на согласност за намената на инвестицијата за проектот: „Санација на селски патишта од центар на селото до маала кои гравитираат кон село Страцин“;
  2. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проектот „Санација на селски патишта од центар на селото до маала кои гравитираат кон село Страцин“;
  3. Предлог – Одлука за обезбедување на финансиски средства за поддршка на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој за 2016 година за аплицирање на проектот : „Доизградба на локален пет до локалитетот „Камени кукли“;
  4. Предлог – Одлука за обезбедување на финансиски средства за поддршка на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој за 2016 година за аплицирање на проектот: „Санација на локален пат до село Горно Кратово“;
  5. Предлог – Одлука за обезбедување на финансиски средства за поддршка на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој за 2016 година за аплицирање на проектот:„Изработка на техничка документација за патен правец – Крак од Регионален пат Р1205 – с.талашманци поврзување со пат с.Крилатица – с.Нежилово“;
  6. Предлог – Одлука за обезбедување на финансиски средства за поддршка на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој за 2016 година за аплицирање на проектот:„Изработка на техничка документација за локален пат до Лесновски манастир, село Лесново;
  7. Предлог – Одлука за доделување на средства како помош за санација на куќа уништена од одрон предизвикан од поројните дождови;
  8. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Кратово;
  9. Предлог – Одлука за усвојување на Локалната Младинска Стратегија на град Кратово 2015-2020;
  10. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin