Обука за основни вештини за вработување на млади лица до 29 години (странски јазици и компјутери)

Врз основа на Оперативниот план за изменување и дополнување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, за активната мерка – Обука за основни вештини за вработување на млади лица до 29 години (странски јазици и компјутери), Агенцијата за вработување на Република Македонија, објави:

  1.  Јавен оглас до заинтересираните невработени млади лица до 29 години за учество во бесплатните обуки за основни компјутерски вештини  – Javen Oglas za osnovni kompjuterski vestini
  2.  Јавен оглас до заинтересираните невработени млади лица до 29 години за учество во бесплатните обуки за странски јазици – Javen Oglas za stranski jazici

DSC03873

Локалниот Младински Совет на град Кратово денеска во Салата за состаноци на општина Кратово со претставници од Агенцијата за вработување – Кратово одржа презентација за активните огласи со младите лица кои се заинтересирани да се здобијат со знаење за основни компјутерски вештини и со знаења на странски јазици.

DSC03869

Невработените млади лица до 29 години кои се заинтересирани за учество на обуките треба да се пријават во Центарот за вработување на АВРМ во Кратово, каде се евидентирани како невработени лица и таму можат да ги добијат сите потребни дополнителни информации – контакт тел. 031 481 105.

DSC03875 (2)

facebooktwittergoogle_pluslinkedin