21-ви Март – Ден на пролетта и екологијата

По повод Денот на пролетта – и Ден на екологијата 21-ви Март, ООУ „Кочо Рацин“ организираше акција за чистење на училишниот двор, просториите кои се наоѓаат во училиштето и локалитетот во центарот на градот м.в.Карши Бавча.

DSC03881 DSC03887

На почетокот оваа акција започна со изработка на флаери од учениците со пораки за загадена и чиста средина со цел да се зголеми свеста и да се укаже колку е важна заштитата на животната средина.

DSC03898 DSC03904

Во спроведувањето на акцијата учествуваат учениците со нивните класни раководители со почеток од 8 часот во просториите на училиштето, а во 10 часот започна и акцијата на расчистување на локалитетот во центарот на градот Карши Бавча.

DSC03892 DSC03890

На овој ден поддржувајќи ја свеста за зачувување на нашата единствена планета, ние ја дочекавме пролетта со надеж дека нашиот пример ќе го следат и другите и заедно ќе се погрижиме за заштита на нашата околина – изјави класниот раководител Мите Младеновски.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin