Триесет и петта седница на Советот на општина Кратово

Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на триесет и петтата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам триесет и петтата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 31.03.2016 година (четврток) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

  • Предлог – Записник од седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 23.12.2015 година;
  • Предлог – Записник од седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 26.02.2016 година;
  • Предлог – Записник од седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 21.03.2016 година;
  1. Завршни (годишни) сметки со Предлог – Одлука за усвојување на завршните (годишните) сметки на ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово за 2015 година;
  2. Завршни (годишни) сметки со Предлог – Одлука за усвојување на завршните (годишните) сметки на СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово за 2015 година;
  3. Завршни (годишни) сметки со Предлог – Одлука за усвојување на завршните (годишните) сметки на ЈОУДГ „Царка Андреевска“ од Кратово за 2015 година;
  4. Завршни (годишни) сметки со Предлог – Одлука за усвојување на завршните (годишните) сметки на ОУ Музеј на град Кратово од Кратово за 2015 година;
  5. Завршни (годишни) сметки со Предлог – Одлука за усвојување на завршните (годишните) сметки на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ од Кратово за 2015 година;
  6. Предлог – Одлука за давање согласност за примена на Ценовникот за надоместок на погребалните услуги на градските гробишта во Кратово;
  7. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 1465 за КО Емирица, Општина Кратово;
  8. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 437/1 за КО Туралево;
  9. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 1668/1 за КО Крилатица;
  10. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп 687 за КО Крилатица;
  11. Прашања и предлози.

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin