Извршена дератизација на подрачјето на општина Кратово

Општина Кратово изврши пролетна дератизација за уништување на глодари, согласно Годишната програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2016 година.

За да се спречи евентуалната појава на заразни болести предизвикани од микроорганизми, штетници и глодари, стручни екипи од Ветеринарна Станица Техновет ДООЕЛ Кратово во периодот од 05.04.2016 до 07.04.2016 година, извршија општа дератизација во која беа опфатени канализациските мрежи во село Страцин, Туралево, Шлегово и во град Кратово.

Во соработка со Центарот за јавно здравје Куманово извршена е и дезинфекција на сите простории кои што се наоѓаат на територија на општина Кратово.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin