Триесет и шеста седница на Совет на општина Кратово

Триесет и шеста седница на Советот на општина Кратово
 Врз основа на член 39 став 1 и 2 и член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а согласно член 25 од Статутот на општина Кратово и член 35 од Деловодникот на Советот на општина Кратово, донесувам

РЕШЕНИЕ

за свикување на триесет и шестата седница на Советот на општина Кратово

Ја свикувам триесет и шестата седница на Советот на општина Кратово која ќе се одржи на ден 28.04.2016 година (четврток) во салата за седници на Советот на општина Кратово со почеток во 14 часот. За седницата го предлагам следниот:

ДНЕВЕН РЕД

  • Предлог – Записник од триесет и петтата седница на Советот на општина Кратово одржана на ден 31.03.2016 година;
  1. Предлог – Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација во општина Кратово;
  2. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2017 година во Општина Кратово;
  3. Прашања и предлози;

На седницата е поканет и Градоначалникот на општина Кратово и Раководителите на јавни претпријатија, установи и органи на управата на локалната самоуправа одговорни за својата работа пред Советот на Општина Кратово.

Се известуваат поканетите службени лица за задолжително присаство на седницата на Советот.

Претседател

на Совет на општина Кратово

Сашо Ѓеоргиевски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin