Дечињата од детската градинка во посета кај Градоначалникот

Дечињата од детската градинка „Царка Андреевска“ од Кратово денешниот ден го искористија за посета на кабинетот на градоначалникот Мите Андоновски, заедно со своите учителки и директорката Ленка Јовановска, дечињата му подарија шарени велигденски јајца на градскиот татко и му посакаа успешно раководење на општината. На нивниот велигденски подарок возврати и градоначалникот со велигденско пакетче за секое дете.

28042016145637_DSCF6323

-Дечињата се мали, но со големо срце. Им благодарам што ме посетија и ми донесоа преубаво насликани велигденски јајца. Убаво е кога ќе гледам дека велигденските традиции се негуваат и дечињата со голема љубов ги прифаќаат – истакна градоначалникот Андоновски.

Пред посетата на кабинетот, во градинката се организираше голем велигденски хепенинг, на кој се продаваа велигденските изработки направени од вештите рачиња на децата.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin